Брз кредит


Износ на кредитот: до 100.000 денари

Период: до 12 месеци

Каматна стапка: 0 % – фиксна

Провизија за управување на кредитот (вклучена во месечниот ануитет): 54,00 % од износот на одобрениот кредит

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) – 69,12 % за износ на кредит од 100.000 денари и рок на отплата 12 месеци.

* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

Користење на кредитот:
-исплата во готово на благајна во ФД
-пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит

Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД и истиот да го отплаќа според утврдените услови.

Отплата на кредитот: Кредит се отплаќа во еднакви месечни ануитети. Ануитетот содржи дел главница и дел провизија. Првиот ануитет достасува според амортизационен план или согласно договорот.

ОПШТИ ОДРЕДБИ
За аплицирање и склучување на Договор за кредит со ФД, барателот на кредит треба да ги исполнува следниве услови:
• да е државјанин на РСМ и да има постојано живеалиште во РСМ;
• да е деловно способен;
• да има редовни приходи врз основа на воспоставен редовен работен однос или пак врз основа на остварено право на старосна или инвалидска пензија;
• да има деловна способност да склучува правно обврзувачки договори;
• да поседува важечка лична карта или пасош;
• да располага со мобилен телефон и активна електронска пошта адреса;
• да поседува сопствена трансакциска сметка во банка регистрирана во РСМ.