Кои сме ние?
Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје (ФД) е правен наследник на Штедилницата МАК БС ДОО Скопје.
Согласно решение од Гувернерот на НБРМ бр. 25257 од 28.07.2017 година добиена е согласност за преобразба на Штедилницата во Финансиско друштво без да се спроведе постапка на ликвидација а согласно Решението на Министерство за финансии од 26.09.2017 година под број 13-7669/6 добиена е дозвола за основање и работа на ФД, со што станува правен наследник на Штедилница МАК БС ДОО Скопје.
ФД е насочено кон изнаоѓање на финансиски решенија, нудејќи различни кредитни производи за физички и правни лица. Преку постојан раст и развој, се стремиме да разработиме и интегрираме иновативни услуги кои ќе бидат во чекор со дигиталниот свет.
Во делот на микрокредитирање ФД е максимално корисно и лесно достапно за секој корисник, нудејќи потполно онлајн аплицирање за кредит, како и аплицирање во нашите филијали, верувајќи дека секој треба да има пристап до средства кога му се најпотребни.
Транспарентоста, флексибилноста и индивидуалниот пристап кој ќе ви го понудат нашите вработени е во насока на изнаоѓање вистинско решение за секој од нашите клиенти.