Со пополнување на апликацијата за кредит, согласен сум Финансиско друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје (ФД) да ги користи моите лични податоци (вклучувајќи го и ЕМБГ) и да ги добие потребните информации со цел да изврши проверка или верификација на мојата кредитна способност од релевантни бази на податоци, согласно законските прописи, како и да ги издава податоците на трети лица со кое ФД има склучено посебен договор за пренос на податоци со цел наплата на побарувањата.
Давам согласност на ФД да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за горенаведената цел и за времетраењето на истата.
Видови извештаи: Минимален извештај, Извештај за ненаплатени обврски, Основен извештај, Детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај.
Запознаен/а сум дека:
1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна согласност.
2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот.
3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност преземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на Корисникот на податоци.
4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплата на обврската или затворање на сметката.
5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.